ФФМ: Уапсениот Ѓорѓиоски се сомничи за проневера од 2,5 милиони евра
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во официјална реакција на апсењето на Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на оваа организација, соопшти дека веќе предала официјална документација до надлежните органи за прекршоци од 2015 до 2019 година.
„Во врска со предметот, кој Фудбалската федерација на Македонија го пријави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во 2019 година, информираме дека по поднесената пријава беше спроведена истрага од страна на Управата за финансиска полиција, по што во 2020 година беше поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од јануари 2015 година до крајот на 2019 година изнесува повеќе од 2,5 милиони евра.
Во изминатиот период ФФМ немаше повратни информации за текот на постапката и евентуалното постапување по предметот. На крајот на 2025 година од Федерацијата беше побарана дополнителна документација, која во целост беше доставена до надлежното обвинителство на почетокот на 2026 година. Истовремено, со официјален допис повторно беше укажано на висината на утврдената штета и беа доставени дополнителни релевантни информации.
Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи целосно да соработува со сите надлежни државни институции во постапките поврзани со евентуални незаконитости и заштита на интересите на Федерацијата“, се вели во соопштението на ФФМ.
Ѓорѓиоски беше на чело на ФФМ во периодот од 2012 до 2018 година. Претходно, приведен беше и наследникот на Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФФМ: Уапсениот Ѓорѓиоски се сомничи за проневера…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во официјална…
Дел од возовите нема да сообраќаат поради…
Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради…
Јаневска: Исплатени над пет милиони денари за…
Приемот за учениците кои освоиле награди на…
Мемов: На пензионерите треба да им се…
Недостигот на работна сила и можностите за…
Хрватите годишно трошат 1,2 милијарди евра за…
Големите фудбалски турнири, како што е Светското…