Објавено на:

Трагедија на Халкидики: Македонка почина во Неа Каликратија

t

Седумдесет и четиригодишна македонска државјанка го загубила животот откако била извлечена без знаци на живот од морето во Неа Каликратија на Халкидики.

Информацијата првично ја објави грчката Крајбрежна служба, од каде соопштуваат дека инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден.

Според официјалното соопштение, во попладневните часови вчера, крајбрежната управа во Неа Муданија била известена дека 75-годишна државјанка на Северна Македонија била извлечена од морската област кај Неа Каликратија во општина Неа Пропонтида.

Жената веднаш по извлекувањето била пренесена со возило на Итната медицинска помош во Здравствениот центар во Неа Муданија.

Таму од страна на дежурните лекари била констатирана смрт.

Надлежните грчки служби веќе започнале предистражна постапка со цел точно утврдување на околностите под кои настанал овој несреќен случај.

Дополнително, по наредба на надлежната крајбрежна управа, ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.

Обдукцијата треба да ги утврди точните и конкретни причини кои довеле до смртта на повозрасната македонска државјанка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…