Сопственик на стан и агент за недвижнини го натепале 75 годишниот кираџија во Скопје
75-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопственикот на станот во кој живеел под кирија и од агент на недвижности, кога се сретнале за да го раскинат договорот, соопшти МВР.
„На 16.06.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(75) од Скопје пријави дека на 15.06.2026 околу 16:00 часот бил физички нападнат С.К. и А.Н. Според пријавеното, тој во придружба на неговиот внук дошол пред зграда на подрачјето на Карпош каде што имал под закуп стан со намера да го раскине договорот за закуп и таму бил пречекан од С.К. сопственик на станот и А.Н. претставник на агенција за недвижнини. Во моментот додека ја отклучувал влезната врата бил удрен по рака од С.К., на што му возвратил со со метална прачка, по што С.К. и А.Н физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…