Македонскиот рубин е официјално заштитен како национален полускапоцен камен и наш прв минерален симбол!
Македонија испиша нова страница во заштитата на своето природно богатство – македонскиот рубин е официјално заштитен како национален полускапоцен камен и наш прв минерален симбол!
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, соопшти дека е успешно заокружен овој комплексен процес, кој претставува само почеток на заштитата на нашите уникатни минерални богатства. Овој голем успех од национален интерес е резултат на исклучителна меѓуинституционална соработка и посветеност на тимовите од Министерството, Геолошкиот завод предводен од Ивица Андов и Државниот завод за индустриска сопственост под водство на Елјеса Незири. Посебна благодарност упатуваме и до Дејан Шкартов – Деко, кој покажа врвна општествена одговорност ставајќи го јавниот интерес пред личниот, со цел рубинот да стане национално добро достапно за сите.

Овој уникатен корунд со специфична малиново-розева боја се среќава исклучиво во околината на Прилеп и Мариово, што го прави единствениот природен рубин во копнена Европа кој се обработува локално. Неговата заштита, започната во септември 2025 година, не е само административен чин, туку трајно наследство и доказ дека кога институциите, стручната јавност и посветените поединци работат заедно, се создаваат вредности кои ја афирмираат земјата и дома и во светот.
Македонскиот рубин отсега не е само природен феномен – тој е официјален чувар на македонскиот идентитет, симбол на нашата гордост и вечно заштитено национално благо!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во…
На седницата за пратенички прашања, пратеникот од…
(Видео) Божиновска: Многу неправилности во енергетскиот сектор
Состојбата со енергетскиот сектор е катастрофална, истакна…
ЕУ да соработува за да избегне енергетска…
Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…
Поранешен американски секретар за енергетика удри по…
Политиката на тимот на американскиот претседател Џо…
И Италијанците ќе мрзнат: Греење најмногу до…
Италијанското Министерство за транзиција на животната средина…