Африкански бран ја зафаќа Македонија – Викендов со температури над 35 степени

t

Македонија влегува под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка кој денеска и за време на викендот ќе донесе значително повисоки температури во сите краишта на земјата.

Утрово времето беше ведро и релативно топло со умерена локална облачност и слаб северен ветер, при што минималната температура од 8 степени е измерена во Берово.

Во Скопје, на мерните станици Зајчев Рид и Петровец, утринската температура достигна 19 степени.

Според синоптичарите, во следните два дена температурите ќе се движат во интервал од 27 до 35 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели се очекува да надминат 35 степени.

Во Скопје и околината максималната дневна температура викендов ќе се искачи до околу 34 степени.

И покрај екстремните горештини, во попладневните часови, особено во планинските предели, ќе има услови за локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Метеоролозите предупредуваат и на можна појава на засилен ветер, како и услови за краткотрајно невреме со град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на…

По успехот кој го имаше СДС на…

Сиљановска Давкова утрово остварила телефонски разговор со…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утрово остварила телефонски…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…

Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…

Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…