Почина Љупчо Грнчиштанов, еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“
Уште едно лице опфатено со обвинението за трагедијата во Кочани почина. Станува збор за Љупчо Грнчиштанов, кој имаше 54 години и беше меѓу обвинетите во предметот поврзан со несреќата.
Информацијата ја потврди обвинителството, од каде велат дека на обвинетиот му се слошило во домашни услови.
„Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“, соопштија од ОЈО.
Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување.
Во рамки на предметот за трагедијата во Кочани, тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.
Според достапните информации, Грнчиштанов поминал 77 дена во ефективен притвор, по што речиси 14 месеци бил во куќен притвор.
Обвинението за случајот беше оформено во периодот кога со Јавното обвинителство раководеше поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој во меѓувреме поднесе оставка.
На судските рочишта обвинението го застапуваат обвинителите Борче Јанев, Дарко Јакимовски и уште 13 јавни обвинители.
Случајот за трагедијата во Кочани и понатаму е предмет на големо внимание во јавноста, при што се отвораат прашања поврзани со правната квалификација на обвинението и одговорноста на обвинетите лица.
Дел од експертската јавност укажува на дилеми околу примената на одредени правни квалификации, додека семејствата на жртвите бараат постапката да заврши ефикасно и во разумен рок, со цел да се утврди одговорноста за трагичниот настан.
Засега нема официјални информации за причините за смртта на Љупчо Грнчиштанов.
Да потсетиме, Владо Петров, пензиониран полициски службеник и еден од осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, почина исто во притвор. Тој беше опфатен со истрагата поради сомнежи поврзани со издавањето согласност за паркинг просторот пред објектот, додека постапката против останатите осомничени продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стружанец завршил во болница: Ловел риба со…
Стружанец се повредил со хароун додека ловел…
Почина Љупчо Грнчиштанов, еден од обвинетите за…
Уште едно лице опфатено со обвинението за…
Лавров: ЕУ не е соодветен партнер за…
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,…
Граѓаните да инвестираат во акции за ХЕЦ…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ),…
Приведен 23-годишник од тетовско по напад врз…
Дваесет и тригодишен жител на тетовско село…