80-годишен прилепчанец повреден во судар на велосипед и „Томос“
80-годишен велосипедист е тешко повреден по сообраќајна несреќа што се случила вчера во Прилеп.
Како што информираат од СВР Битола, вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Прилепски Бранители“ и „Тризла“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „Томос“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.У. (33) од Прилеп, и велосипед кој го управувал А.К. (80) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, а се преземаат мерки за целосно расчистување случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…
Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се…
Голем пожар избувна денеска на автоотпад во…
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на…
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР…