Се пишманија Бугарите: Откажана блокадата на граничните премини кон Македонија
Најавената акција за блокирање на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија нема да се реализира во предвидениот термин, откако организаторите од Фондацијата „Македонија“ соопштија дека протестот се одложува.
Одлуката следува по реакциите од бугарските институции, кои оценија дека ваквиот чекор не би придонел за решавање на отворените прашања меѓу двете земји и би можел да предизвика дополнителни тензии.
Планираната блокада требаше да се одржи на граничните премини Деве Баир, Делчево и Ново Село и според најавите да трае два часа како симболичен протест поврзан со положбата на Бугарите во Македонија.
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова изјави дека иницијативите за блокирање на бугарско-македонската граница не се дел од политиките на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националните интереси.
„Разбирам дека постои можност невладините организации или други структури да организираат вакви настани, но од наша страна е важно да одржиме многу цврста позиција со јасно изразени права за кои се залагаме“, изјави Петрова-Чамова.
Таа нагласи дека Софија нема интерес од дополнително влошување на односите со Скопје, особено по неодамнешниот инцидент со опожарувањето на две дипломатски возила пред бугарската амбасада во македонската престолнина.
Според неа, Бугарија располага со доволно дипломатски инструменти за да ги застапува своите позиции и да ги брани правата на Бугарите во Македонија пред европските институции.
Слична порака испрати и бугарската Амбасада во Скопје. Амбасадорот Жељазко Радуков повика да не се блокираат граничните премини и патните правци меѓу двете држави, нагласувајќи дека несогласувањата треба да се решаваат преку дијалог и дипломатски средства.
Иако протестот е одложен, темите поврзани со билатералните односи, европската интеграција и правата на Бугарите во Македонија остануваат меѓу клучните прашања во односите меѓу Скопје и Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се пишманија Бугарите: Откажана блокадата на граничните…
Најавената акција за блокирање на трите гранични…
Почина инспектор обвинет во случајот „Пулс“
Јавното обвинителство информира дека е известено за…
Брзата трака за Украина е неправда за…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаниот…
Кривична против неготинец, осомничен е дека без…
ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство…
Македонец што летувал на Малдиви се вратил…
Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е…