Откако двете влади изгласаа: Се воведува „One Stop Shop“ на Ќафасан
Патниците и превозниците наскоро ќе можат побрзо да ја минуваат границата меѓу Македонија и Албанија, откако албанската влада го одобри воведувањето на системот за заедничка гранична контрола „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.
Со одлуката на Тирана се комплетира постапката што претходно беше поддржана и од македонската влада, а за целосна примена на системот останува уште потпишувањето на договор меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји.
Новиот модел предвидува патниците и стоките да поминуваат низ единствена, координирана гранична контрола, што треба значително да го намали времето на чекање и да ја зголеми ефикасноста на сообраќајот на преминот.
Властите оценуваат дека мерката е особено важна во текот на летната сезона, кога фреквенцијата на патници е значително поголема и често се создаваат долги колони на границата.
По воведувањето на системот со Србија и Косово, со оваа одлука Македонија и Албанија прават нов чекор кон поедноставување на прекуграничниот сообраќај и продлабочување на регионалната соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…