Гужви на „Богородица“ и „Дојран“: Се чека по 40 минути

t

На граничните премини „Богородица” и „Дојран” има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…

Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

Рубио: Средбата на Зеленски и Виткоф беше…

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, оцени дека…

(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…

Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…