СДСМ: Економски колапс, тешка политичка изолација и континуирано лажење – ова е билансот од две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ
Економски колапс, тешка политичка изолација и континуирано лажење на граѓаните е билансот по навршувањето на две години од владеењето на Христијан Мицкоски, обвинуваат утринава од опозициската СДСМ.
Македонската економија во моментов се наоѓа во длабока криза, додека државниот буџет е практично пред колапс поради лошите менаџерски политики.
Од Бихаќка алармираат дека до јуни е потрошен скоро целиот планиран дефицит за целата 2026 година во износ од 670 милиони евра, поради што ребалансот ќе биде неизбежен и исклучително тежок.
Опозицијата тврди дека странските инвестиции во земјава драматично паднале за дури 60 отсто, додека јавниот долг е енормно зголемен за над 2,5 милијарди евра за само две години власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, од партијата посочуваат дека економскиот раст е вештачки и базиран исклучиво на лична потрошувачка, а не на производство и извоз, што директно ја зголемува инфлацијата во државата.
Интегралното соопштение од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ во продолжение:
„Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и организирана криминална група ВМРО. Она што граѓаните го добија не е подобар живот, туку економски колапс, политичка изолација и континуирано лажење.
Економијата е во длабока криза, по две години власт, буџетот е практично пред колапс. До јуни е потрошен скоро целиот планиран дефицит за целата 2026 година, од 670 милиони евра. Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок.
Капиталните инвестиции покажуваат бројки на хартија, но во реалноста се работи за проекти од времето на СДСМ, а не за нови проекти. Нема соодветен раст и базиран е исклучиво на лична потрошувачка, а не на производство и извоз, модел кој е неодржлив и директно ја зголемува инфлацијата.
Мицкоски ветуваше подобрување на животниот стандард, повисоки плати и подобар живот. Наместо тоа, граѓаните добија „маратон во сиромаштија“.
Владата отворено кажува дека нема пари за поголема минималната плата, за повисоки плати, за пензии и за поддршка на земјоделците и младите, но во исто време има пари за луксуз и за нови задолжувања. За две години, странските инвестиции паднаа за 60 отсто, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра. Економијата стагнира, а граѓаните се посиромашни.
Истовремено, Македонија е во найдлабока политичка изолација во последните 20 години. Мицкоски го користи идентитетот како алиби за блокада на европскиот пат, без да понуди ниту план, ниту стратегија. Наместо реформи и напредок, граѓаните добиваат празни фрази и националистички спинови.
Две години на ВМРО-ОКГ се две години на економски неуспех, лажни ветувања и политичка изолација. Наместо подобар живот, граѓаните добија сиромаштија, несигурност и изгубена европска перспектива.
Владата на Мицкоски не решава проблеми, таа ги создава и ги продлабочува, а граѓаните се тие кои ја плаќаат највисока цена, која, како што вели Мицкоски, ќе трае со децении ако тие останат на власт.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Со 1,26 промили, велешанец физички ја нападнал…
Полицијата во Велес го лишила од слобода…