Приведен пензионер кој сакал да бакне малолетничка
Приведен и задржан во полициска станица е 67 – годишен штипјанец кој сакал да бакне 16 – годишна девојка која се движела покрај реката Брегалница во Штип.
На 19.06.2026 година во 16:00 часот, во СВР Штип, по наредба на јавен обвинител, било задржано лицето С.М.(67) од Штип. Претходно, 48-годишна жена пријавила дека на 18.06.2026 година додека нејзината 16-годишна ќерка се движела покрај реката Брегалница во Штип, била пресретната од машко лице кое најпрво почнало разговор со неа, а потоа се обидело да ја бакне.
По преземени мерки и активности С.М. бил приведен и задржан во полициска станица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…