„Сите нека знаат“: ЛГБТ-заедницата бара видливост, достоинство и еднакви права

t

Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во Скопје се одржа осмото издание на Скопје Прајд, марш на кој учесниците испратија пораки за еднаквост, видливост и почитување на човековите права.

Поворката започна кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, по што учесниците маршираа низ централното градско подрачје носејќи транспаренти и знамиња во боите на виножитото.

Од организацискиот одбор истакнаа дека годинашното мото ја нагласува потребата ЛГБТИК+ заедницата да биде видлива во општеството, но и предизвиците со кои нејзините припадници сè уште се соочуваат.

Според организаторите, дел од младите ЛГБТИК+ лица и понатаму се изложени на дискриминација, стигматизација и несигурност поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

Скопје Прајд традиционално има двојна улога – да биде прослава на различностите, но и протест против говорот на омраза, дискриминацијата и институционалните недостатоци во заштитата на човековите права.

Организаторите порачаа дека борбата за еднаквост не завршува со маршот и повикаа на поголема поддршка, безбедност и еднаков третман за сите граѓани.

Организаторите, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, истакнаа дека Парадата на гордоста и годинава повикува на почитување на човековите права, достоинството и еднаквите можности за сите граѓани. Вистината на ЛГБТИ-популацијата, велат тие, не смее да остане во нивните четири ѕида, потребна е видливост и затоа маршот на гордоста годинава има протестен карактер. Но, велат, потребна е и присутност, зашто овие луѓе се наставници, доктори, клиенти, инфлуенсери, нечии колеги, пријатели, соседи, тие се дел од семејство и тие заслужуваат достоинство и почит за тоа кои се, а нe институционален наплив на омраза и уназадување на веќе стекнати права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сите нека знаат“: ЛГБТ-заедницата бара видливост, достоинство…

Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во…

Десетици илјади луѓе учествуваа на Парадата на…

Организаторите очекуваа рекордна посетеност, и покрај полициската…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

Учесниците на Евровизија не смеат да веат…

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови, построги…

Радев не стави вето на законот со…

Претседателот на Бугарија, Румен Радев го потпиша…