Метео: Денес сончево и топло, од утре дожд
Денес времето ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови во крајните северозападни делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…