Во Франција се затворени 845 училишта поради екстремните жештини
Вкупно 845 основни и средни училишта ќе бидат затворени денес во Франција поради екстремен топлотен бран, додека околу 1.800 други образовни институции ќе го прилагодат своето работно време и ќе ги пуштат учениците дома во раните попладневни часови, објави францускиот министер за образование Едуар Жефри.
Како што изјави, затворените училишта претставуваат мал дел од вкупно околу 60.000 образовни институции во Франција, а најголемиот број од нив се наоѓаат во департманите за кои е издадено највисоко предупредување поради високите температури, пренесува „Фигаро“.
Жефре нагласи дека одлуките зависат од локалните услови и дека мерките треба да се прилагодат на ситуацијата на терен.
„Постои принцип на континуитет на јавните услуги, но кога постои ризик за безбедноста на вработените или децата, институциите мора да бидат затворени“, рече тој.
Во исто време, регионот Ил де Франс, чиј центар е Париз, објави дека одобрил итна помош од еден милион евра за околу 500 испитни центри за финансирање на купување опрема за ладење, вклучувајќи вентилатори, прскалки за вода и друга опрема за ублажување на ефектите од високите температури, пренесува „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Ги молам државните органи да си…
Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…
Пренџов: Горивата ќе беа 114 денари за…
Пратеникот Љупчо Пренџов на 81. седница на…
Рекордна излезност на изборите во Израел: До…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…