Иран има еден услов за повторно отворање на Ормутскиот теснец
Иранската новинска агенција „Тасним“, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим, во неделата објави дека Ормутскиот теснец нема повторно да се отвори додека не се почитува прекинот на огнот во Либан.
Изворот, исто така, рече дека водниот пат ќе остане затворен додека не се издадат исклучоци за да се овозможи продажба на иранска нафта.
Разговорите на високо ниво меѓу потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, и иранските претставници започнаа во неделата во швајцарското планинско одморалиште Биргеншток со цел постигнување долгорочен мировен договор по потпишувањето на меморандум за разбирање претходно оваа недела.
Министерството за надворешни работи на Катар, кое посредува во разговорите меѓу завојуваните земји заедно со Пакистан, го објави почетокот на разговорите.
Портпарол на министерството изјави дека е во тек почетен состанок на високо ниво на кој учествуваат претставници од САД и Иран, како и делегации од Пакистан и Катар.
Разговорите беа засенети од извештаите за нови судири меѓу израелските сили и милитантната група Хезболах во Либан и покрај прекинот на огнот.
Иран и САД во средата потпишаа меморандум за разбирање со цел постигнување траен мир на Блискиот Исток, но договорот, кој повикува на прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и во Либан, беше поткопан од израелските воздушни напади и судири во петокот и саботата, при што Израел и Хезболах се обвинуваа меѓусебно за кршење на примирјето.
Иран во неделата изјави дека ситуацијата во Либан, каде што израелската армија извршува речиси секојдневни напади против „Хезболах“, ќе биде главна тема на преговорите со САД организирани во Швајцарија во неделата.
„Ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски кон Либан. Ова прашање ќе биде главна тема на денешната дискусија“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи.
„Прекинот на непријателствата во Либан е клучен“ за Иран, нагласи тој.
Тој додаде дека ќе се дискутира и за прашањето за одмрзнување на иранските средства и продажбата на нафта, во видео објавено од официјалната новинска агенција ИРНА.
Разговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија, со посредство на Пакистан и Катар, ќе траат еден ден, рече тој.
Израелскиот министер за одбрана во неделата изјави дека неговите трупи можат да дејствуваат „без никакви ограничувања“ за да „ги елиминираат заканите“ во Либан, потврдувајќи дека ќе останат во делот од територијата што ја окупираа на југ, што Израел ја нарекува „безбедносна зона“.
„Никогаш немало и во моментов нема ограничувања што би ги спречиле војниците… да дејствуваат за да ги елиминираат заканите во Либан“, рече Израел Карц.
„Израел нема да се повлече од безбедносната зона во Либан“, повтори тој, осврнувајќи се на област што се протега на околу 10 километри на либанската територија каде што се распоредени израелските сили.
Министерот ги даде овие забелешки откако Иран предупреди дека нема да влезе во „фазата на преговори за конечен договор“ со Вашингтон доколку не престанат непријателствата во Либан, каде што Израел вети дека ќе го победи проиранската „Хезболах“, пренесе „Хина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран има еден услов за повторно отворање…
Иранската новинска агенција „Тасним“, повикувајќи се на…
Јотова: Со блокадата на санкциите за Русија,…
Пакетот санкции 21 можеби воопшто нема да…
Франција ги засилува мерките поради горештините: Се…
Франција ја забрани продажбата и консумирањето алкохол…
Златен медал за македонската теквондистка Ведрана Тунески…
Македонската теквондистка Ведрана Тунески, член на ТК…
Гром удри во луѓе во Германија: Десет…
Десет лица беа повредени откако беа погодени…