Невреме во Македонија: Поројни дождови, грмежи и можен крупен град во следните денови
По жешкиот почеток на летото, Македонија влегува во период на изразена атмосферска нестабилност. Метеоролозите предупредуваат на поројни врнежи, грмежи, силен ветер и локални невремиња со појава на град, а на некои места се очекуваат и повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар.
Според прогнозите, веќе од денеска попладне нестабилно време ќе има во западните и северозападните планински предели, каде што се можни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Температурите сепак ќе останат високи и ќе достигнат од 29 до 36 степени, додека во Скопје се очекуваат околу 34 степени.
Под влијание на фронтална долина и продор на посвеж воздух во повисоките слоеви од атмосферата, од понеделник до среда се очекува значително зголемување на нестабилноста на времето низ целата земја.Во овој период на повеќе места ќе се развиваат нестабилни облачни системи кои ќе носат пороен дожд, грмежи и силни налети на ветер. Локално се очекуваат и поинтензивни невремиња проследени со обилни врнежи, чести електрични празнења и појава на град, кој на одредени места може да биде и со поголема големина.
Нестабилноста нема да го заобиколи ниту Скопскиот регион, каде што исто така постојат услови за силни локални невремиња со дожд, ветер и град.Метеоролозите предупредуваат дека во делови од земјата може да наврнат повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар за краток временски период, што локално може да предизвика проблеми со одведувањето на водата и нагло зголемување на водостоите во помалите водотеци.
И покрај врнежите, температурите ќе останат релативно високи. Во понеделник максималните вредности ќе се движат од 28 до 36 степени, додека во Скопје ќе достигнат околу 33 до 34 степени. Во вторник и среда се очекува мало освежување, со температури од 27 до 34 степени, а во главниот град од 31 до 32 степени.
Утринските температури ќе останат пријатно топли и ќе се движат меѓу 12 и 18 степени, додека во Скопје ќе се спуштаат до околу 17 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме во Македонија: Поројни дождови, грмежи и…
По жешкиот почеток на летото, Македонија влегува…
(Видео) Дел од Иранците си ја исвиркаа…
Комплексната ситуација на иранската репрезентација во САД…
„Ги браниме со децении, а тие не…
Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше…
Трамп до Иран: „Затворете го теснецот и…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс…
Три возила се судрија на патот Прилеп-Битола:…
Пет лица се повредени во сообраќна несреќа…