Паника на Халкидики: Мала ајкула снимена во плиткото кај Ханиоти
Мала ајкула денеска била забележана во плитките води кај Ханиоти на Халкидики, а видеото што го снимија туристи за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
На снимката се гледа како морското животно плива на само неколку метри од брегот, додека во позадина се слушаат изненадените реакции на капачите. Видеото е направено во Ханиоти, едно од најпосетуваните летувалишта на полуостровот Касандра, каде што секоја година престојуваат и голем број туристи од Македонија.
Снимката првично беше објавена на Инстаграм страницата „vranjecircustabloid“, по што брзо стана вирална и предизвика загриженост кај дел од јавноста. Засега нема официјална потврда за кој вид риба станува збор, иако на видеото се тврди дека станува збор за мала ајкула.
Под објавата следуваа бројни коментари. Дел од корисниците изразија страв, поврзувајќи ја појавата со климатските промени и сè почестите екстремни временски услови.
„Ужас. Сè отиде по ѓаволите. Порано беше незамисливо ајкули да се појават толку блиску до брегот. Сега не би влегла ниту во плиткото со моите деца“, напиша една туристка од Србија.
Сепак, имаше и многу коментари со хумористична содржина.
„Таа е дресирана, не се грижи“, „Мама сигурно е некаде во близина“, „Само сака да си игра“, беа дел од шеговитите реакции на социјалните мрежи.
Иако ваквите снимки секогаш предизвикуваат внимание, експертите и претходно посочуваа дека во грчките мориња повремено можат да се забележат помали видови ајкули, кои во најголем дел не претставуваат опасност за луѓето. Во овој случај, надлежните сè уште немаат излезено со официјално соопштение за видот на морското животно снимено кај Ханиоти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекувам добри односи со Србија и…
Премиерот Христијан Мицкоски вели оти очекува добрите…
Ковеси: Европското обвинителство ќе биде „тивко уништено…
Буџетски ограничувања и бирократска инерција ја загрозуваат…
(Фото) Апасиев во Москва се сретна со…
Делегација на Левица, предводена од лидерот на…
Путин: Илон Маск е вистински гениј!
Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Илон…
ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА, КОЈА НА СУДИЈАТА ЃОКО…
Искра Хаџи Василева е новата Јавна обвинителка…