Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза, велат од Министерството за правда
Подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик влегува во завршна фаза, информираат од Министерството за правда. Оттаму додаваат дека Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржала десеттата седница на која продолжило разгледувањето на предлозите кои произлегуваат од обврските на земјата во рамки на Реформската агенда.
Како што информираат од Работната група, постигнат е значителен напредок, а најголемиот дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР од претходните изборни циклуси за кои постоел консензус, веќе се прифатени и вградени во предложените законски решенија. Воедно, биле разгледани и предлозите доставени од политичките партии и надлежните државни институции.
Целта на предложените реформи, велат од Правда, е усогласување на изборното законодавство со меѓународните стандарди, јакнење на правната сигурност, унапредување на транспарентноста, имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, со што се создаваат услови за дополнително зацврстување на демократските процеси и јакнење на довербата на граѓаните во изборниот систем
„Најголемиот дел од клучните прашања се веќе разгледани“,соопштуваат од Правда.
Следната седница на Работната група е закажана за в четврток, кога треба да се разгледаат преостанатите отворени прашања и да се финализираат предложените решенија. Се очекува во краток рок да биде подготвен сеопфатен предлог-закон кој ќе ги одрази сите постигнати усогласувања меѓу засегнатите страни.
Работната група првата седница ја одржа на 9 март годинава кога членовите дискутираа за Деловникот и динамиката на работа.
Кон крајот на јануари годинава политичките партии предложија свои претставници кои ќе учествуваат во работната група за Изборниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…