Алиу: Владината реконструкција е доказ дека нема да има предвремени избори

t

Министерот за здравство Азир Алиу во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека реконструкцијата на Владата не би имала никаква логика доколку постоеле планови за предвремени парламентарни избори, нагласувајќи дека владините партнери се фокусирани на реализација на реформите и затворање на отворените прашања во следните две години.

Според Алиу, Владата влегува во процес на внатрешна реорганизација со цел резултатите да бидат повидливи и побрзо да се почувствуваат од граѓаните.

„Не би било логично да се прават овие промени и да се троши целата оваа енергија доколку планиравме предвремени парламентарни избори. Имаме сериозни предизвици и реални барања на кои мора да понудиме решенија. Во следниот двегодишен период треба да се фокусираме на завршување на сите отворени процеси“, изјави Алиу.

Тој потсети дека во случај на предвремени избори државата би влегла во период на техничка влада и ограничена функционалност на институциите, што би значело застој во спроведувањето на реформите и проектите.

Осврнувајќи се на најавената реконструкција на Владата, Алиу индиректно навести дека би можел да остане на чело на Министерството за здравство. Тој истакна дека таму каде што има резултати и започнати процеси, потребно е да има и континуитет.

„Важно е да има континуитет во секоја институција, не само во здравството, поради динамиката на процесите. Во здравството, покрај промените, потребна е и навремена реализација, бидејќи времето значи здравје“, нагласи министерот.

Алиу откри дека веќе се водат разговори меѓу коалициските партнери за резултатите и перформансите на министрите, но без да открие детали за евентуалните кадровски промени по реконструкцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Либија полн резервоар гориво чини колку…

Либија има една од најниските цени на…

Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…

Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…

Односите меѓу Москва и Берлин се на…

Некогашните односи за пример меѓу Русија и…

Големо невреме со град и силен ветер…

Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд,…

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…