Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи.
Како што наведува во објавата, во наредниот период ќе следуваат средби и со добавувачите и производителите.
– Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти – стои во објавата на фејсбук.
Тој потенцира дека Владата останува посветена на спроведување мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување поголема економска сигурност.
Премиерот Мицкоски вчера во зијава за медиуми пред средбата во Владата упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред трговците и дистрибутерите да им се одолжат и да ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи.
– Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и…
Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека…
Ценовен шок на Јадранот: Лежалки 240 евра,…
Црногорскиот туристички бисер и симбол на екстремниот…
Српската влада ги зголеми акцизите за горивата…
Српската влада ги зголеми акцизите за нафтените…
Силни украински напади врз Крим
Mоќни експлозии одекнале синоќа низ окупираниот украински…
Големи економски реформи во Куба: Се преминува…
Кубанскиот парламент едногласно одобри вонреден пакет економски…