Пензискиот систем е во дупка, покажува извештајот на ДЗР

t

Наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување и натаму не е доволна за да го покрие дефицитот во пензискиот систем, покажува ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година.

Ревизорите изразиле неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиското работење со законските прописи, констатирајќи сериозни слабости во работењето на Фондот.

Во 2024 година приходите од придонеси за пензиско осигурување достигнале 71,4 милијарди денари, што е раст од 14 проценти во однос на претходната година. Сепак, тие не биле доволни за покривање на расходите за пензии, кои изнесувале над 90,2 милијарди денари.

Според податоците, на крајот на 2024 година во системот имало 556.294 осигуреници и 343.048 пензионери, односно 1,63 осигуреници на еден пензионер.

Ревизијата утврдила и доцнења во префрлањето на придонесите кон вториот пензиски столб. Заклучно со февруари 2026 година, долгот по оваа основа достигнал речиси 2,6 милијарди денари.

Дополнително, Фондот не вршел навремена уплата на придонесите за здравствено осигурување на пензионерите. До крајот на февруари 2026 година неисплатените обврски достигнале 8,4 милијарди денари, односно околу 136,4 милиони евра.

ДЗР констатира и слабости во управувањето со имотот, пописите, јавните набавки и евиденцијата на побарувањата, како и законски неусогласености во делот на пресметката на платите.

Ревизорите препорачуваат надлежните институции да ги отстранат утврдените слабости и да преземат мерки за поодржливо функционирање на пензискиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пензискиот систем е во дупка, покажува извештајот…

Наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско…

Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците:…

Државниот завод за ревизија изрази мислење без…

Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…

Ревизијата во ИЈЗ покажува целосен хаос: Проблеми…

Ревизорите утврдиле низа слабости во финансиските извештаи…

ДЗР: Агенцијата за катастар се стекнала со…

Агенцијата за катастар на недвижности не евидентирала…