Тетовец добил закана: „Исплати 250.000 евра за една недела или ќе има последици“
Жител на тетовското село Добарце пријавил во полиција дека добил сериозни закани и барање за исплата на 250.000 евра, во спротивно, како што било наведено, ќе се соочи со последици.
Од СВР Тетово информираат дека на 23 јуни 2026 година во 00:10 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф. (51) од село Добарце пријавил дека претходната вечер, околу 22:00 часот, неговиот соселанец Р.И., кој привремено престојува во странство, заедно со уште едно лице дошол во неговиот угостителски објект.
Според пријавата, Р.И. преку синот и зетот на сопственикот, кои работеле во објектот, упатил закани и побарал во рок од една недела да му бидат исплатени 250.000 евра.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на пријавеното лице, како и за целосно расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…