Ангел Георгиев: „Ќе ги заштитиме Бугарите во Македонија, тоа не е политичка флоскула, туку врвен национален приоритет на бугарската држава“

t

Претседателот на Комисијата за Бугарите во странство и пратеник, Ангел Георгиев, во изјава за Б2 Канал порача дека бугарските институции будно ја следат состојбата во Македонија и дека „нема да се толерираат притисоци“ врз лицата кои се чувствуваат како Бугари, пренесуваат бугарските медиуми.

„Бугарија ќе продолжи активно да инсистира на доследно почитување на европските стандарди, човековите права и еднаквиот третман на сите граѓани во Република Северна Македонија“, рече Георгиев, кој додаде дека заштитата на бугарската заедница не е само политичка флоскула, туку врвен национален приоритет за бугарската држава.

„Ќе ги заштитиме Бугарите во Македонија со сите демократски и законски средства. Нема да дозволиме дискриминација, притисоци и говор на омраза кон луѓето кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет,“ изјави Георгиев за Б2 Канал.

Тој вели дека Софија стои цврсто зад своите граѓани и заедници надвор од границите на земјата, најавувајќи континуирана поддршка за нивното организирање и дејствување.

„Бугарската држава има обврска да стои зад своите сонародници каде и да живеат и ќе продолжи активно да ги поддржува нивните права, културни организации и слободи“, рече тој.

Георгиев вели дека внимателното мониторирање на состојбата со правата на Бугарите во Македонија ќе остане во фокусот на Комисијата за Бугарите во странство, со цел да се обезбеди нивна целосна интеграција и заштита од каква било форма на дискриминација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…

Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…

ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…

Лидерите на Европската Унија и на НАТО…

Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…

Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…

Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…

(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…

Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…