Родителите на загинатите од „Пулс“ бараат одговори од институциите за спомен-обележјето за нивните деца
Една година од одлуката за спомен-обележјето — време е за одговори. Здружението „16-ти Март 2025 – Кочани“ бара одговори од институциите за реализацијата на спомен-обележјето во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“. Имено, родителите на трагично загинатите во катастрофалниот пожар потсетуваат дека лани во Собранието беше прифатен амандман со кој беа обезбедени два милиони денари за подготовка и почеток на активности за изградба на меморијалот, но, како што тврдат, на средба со министерот за култура им било кажано дека средствата биле пренаменети за други цели.
„Дали меморијал од вакво значење требаше да биде целосно инициран, поддржан и реализиран институционално од Република Северна Македонија, наместо семејствата паралелно да бараат дополнителни начини за обезбедување средства преку донации? Спомен-обележјето не е само проект. Тоа е место на сеќавање, достоинство и траен однос кон 63 прекинати животи“, велат од здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“
Од здружението прашуваат и дали е донесена новата прераспределба на средства, кога тие ќе бидат ставени на располагање и кога конечно ќе започне реализацијата на спомен-обележјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја поврза војната во Иран со…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…
Иран тврди дека два танкера налетале на…
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени…
ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…
Првичните резултати на Државната изборна комисија од…
Нови протести во Париз пред обраќањето на…
По мирното утро, улиците на Париз повторно…
Немирите се шират низ Италија, малолетници се…
Мирните протести во Италија против високите трошоци…