Чавушоглу: ЕУ да биде искрена – од Македонија се бараше да промени знаме и име, а сега се бара да прифатат дека не се Македонци
„ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполниле сите услови. Од Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ“ порача шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција – Мевлут Чавушоглу, на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје.
Чавушоглу, кој учествуваше на првиот панел „Предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, изјави дека дополнителните условување надвор од преговарачките поглавја наметнати на Македонија и македонскиот народ, се нефер и сурови.
-Од С. Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ… Турција е за соработка и против создавање нови поделби на Балканот. Турција е подготвена да ги поддржи сите напори за мир, безбедност и економска соработка во регионот. Верувам дека ЕУ интеграцијата на регионот ќе забрза во иднина и НАТО ќе продолжи да игра значајна улога во Југоисточна Европа и Балканот – изјави Чавушоглу.
Според Чавушоглу, Турција е за реформа на меѓународниот систем и ОН, а верува дека и ЕУ треба самата да се реформира.
-Евроатлантските аспирации на балканските земји треба да бидат поддржани. Верувам дека неискористениот потенцијал на Балканот треба да биде препознаен. Географски Балканот е мост меѓу Западот и Истокот и економскиот потенцијал е особено важен за развојот на поширока Европа. Кога северниот коридор повеќе не е алтернатива за трговија меѓу Азија и Европа, верувам дека коридорот „Појас и пат“ ќе станува се поважен и Балканот ќе биде дел од тоа – изјави Чавушоглу.
ЕУ, нагласи Чавушоглу, треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполнат сите услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чавушоглу: ЕУ да биде искрена – од…
„ЕУ треба да биде отворена и искрена…
Либан и Израел започнаа нова рунда преговори…
Либан и Израел денеска започнаа нов круг…
Пренџов: Нема одземање на стекнатите права, гарантирани…
Нема одземање на стекнатите права, порача пратеникот…
Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати…
Осум години по стапувањето во сила на…
Путин: Украина напаѓа цивилни објекти во обид…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…