Објавено на:

(Видео) Демонстрант го прекина говорот на Трамп и му викаше „педофил“ на митинг, обезбедувањето го исфрли надвор

t

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија вчера накратко бил прекинат откако демонстрант почнал гласно да извикува навреди, по што бил отстранет од обезбедувањето.

Инцидентот се случил во фабриката за камиони „Мек Тракс“ во местото Маканџи, каде што Трамп одржувал обраќање пред присутните.

Според извештаите на новинарите кои го следеле настанот, пред фабриката имало неколку демонстранти, меѓу кои и лице што носело транспарент со натпис „Поспаниот Дон“.

За време на говорот, еден од присутните во салата почнал гласно да извикува навреди кон Трамп. Обезбедувањето брзо реагирало, го опколило демонстрантот и го извело надвор од салата.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека додека бил изнесуван, демонстрантот продолжил да извикува навреди и во еден момент ги кренал рацете, покажувајќи средни прсти.

Инцидентот бил забележан и од повеќе новинари кои присуствувале на настанот, а на фотографиите и видеата може да се види како членовите на обезбедувањето го отстрануваат демонстрантот од собирот.

И покрај краткиот прекин, Трамп продолжил со своето обраќање пред присутните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Демонстрант го прекина говорот на Трамп…

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во…

(Видео) Колони возила пред бензинските во Русија,…

Најмалку 15 руски региони вчера воведоа ограничувања…

Додека бил во Србија му го ограбиле…

Бојан Јовановски – Боки 13 објави дека…

Трамп: Американската администрација се обидува да постигне…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Данска ќе распореди војници на редовна воена…

Данскиот министер за одбрана Јепе Брус изјави…