Објавено на:

УХМР најавува посилно невреме: Пороен дожд и грмежи денеска

t

Во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, во повеќе делови од земјата се регистрирани врнежи од дожд со различен интензитет, покажуваат податоците од метеоролошките мерења.

Најмногу дожд наврнал во Битола, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Демир Капија со 24 литри, Виница со 21, Лазарополе со 17 и Берово со 14 литри. Во Крива Паланка се измерени 13 литри, во Гевгелија 8, додека во Скопје – Петровец 2 литри на метар квадратен. Најмалку врнежи се забележани во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови, каде се измерени по 1 литар.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и денеска земјата ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса со појава на дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се очекуваат поинтензивни процеси со пороен дожд, електрични празнења, силни налети на ветер и можност за појава на град, поради зголемената енергија во атмосферата. Максималните дневни температури ќе се движат од 27 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината постојат услови за краткотрајно невреме, а температурата ќе достигне до 32 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МИСТЕРИОЗНА САБОТАЖА ВО АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЕНИ БАЗИ: Пентагон…

Американскиот Пентагон истражува серија мистериозни дефекти на…

ЛЕВИЦА НА BRICS ФОРУМ ВО МОСКВА: МАКЕДОНИЈА…

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев,…

МВР со нови детали за случајот во…

Лишени од слобода се осум лица, а…

Саичиќ најави делегација на Студентската листа во…

Студентската листа во Србија планира по формирањето…

Бланар: Словачка е против какви било двојни…

-Ние не можеме да прифатиме дека во…