Електрични тротинети ќе може да возат само полнолетни, брзината Се ограничува на 20 километри на час

t

Во собраниска процедура денеска, пред Интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, влегоа предлог-измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кој група пратеници бараат забрана малолетници да возат електричен тротинет. Се предлага и брзината на движењето со електричен тротинет да се ограничи на 20 километри на час.

Нејасно е како ќе се ловат оние што ќе возат со поголема брзина, зашто со камерите на „Безбеден град“ не ги регистрираат и казнуваат ни моторите кои возат далеку над дозволената брзина.

Пратениците изгласаа овој закон да се донесе по брза постапка, односно да не помине низ собраниските комисии.

Подносители на законските измени се координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски и група пратеници од неговата партија. Образложувајќи го предлогот, тој кажа дека во изминативе две и пол години се случиле 2.352 сообраќајки во кои учествувале мопеди, моторцикли и електрични тротинети, во нив загинале 46 луѓе, а 585 добиле тешки телесни повреди.

„Во измените ќе се дефинира што е лесно електрично возило, ќе се пропише дозволената брзина од максимум до 20 километри на час согласно европската регулатива, а електрични тротинети ќе можат да возат само полнолетни лица. Ова е со цел да се заштитат младите, бидејќи во половината од несреќите во кои учествувале тротинети се деца од 16-17 години“, рече подносителот Мицевски.

Се заоструваат и казните за сторените прекршоци, па освен глобата што ќе мора да се плати, на 30 дена ќе се одзема и електричниот тротинет, мопед или моторцикл од лицата кој ќе бидат фатени дека возат под дејство на алхохол, ако се малолетни или ако на тротинет се возат по двајца или тројца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…