ДУИ: Две години измами, нула резултати
Две години по доаѓањето на власт на коалицијата ВМРО-ВЛЕН-ЗНАМ, стана јасно дека речиси ниту едно од клучните ветувања со кои ВЛЕН ја побара довербата на Албанците не е реализирано. Она што беше претставено како „нова ера“ за Албанците, денес се покажува како каталог на празни ветувања и невидена изборна измама. ВЛЕН вети нов Устав кој ќе ја дефинира државата како заедничка и рамноправна за Албанците и Македонците. Две години подоцна нема ниту иницијатива, ниту дебата, ниту политичка волја за отворање на ова прашање, соопштија од ДУИ.
„ВЛЕН вети унапредување на статусот на албанскиот јазик на уставно ниво. Во реалноста, Албанците се соочуваат со назадување. Наместо зајакнување на механизмите за заштита на јазикот, Инспекторатот за јазици беше деградиран и претворен во сектор во рамките на Министерството за правда. ВЛЕН вети правична и соодветна застапеност, но за време на нивното владеење беше укинат Балансерот, додека новиот закон не само што не гарантира напредок, туку отвори сериозни сомнежи за слабеење на позицијата на Албанците во државните институции“, рекоа од опозициската партија.
Од таму велат дека ништо од ветеното не постои.
„ВЛЕН вети Албанска банка, распределба на акции до 10.000 евра за секој граѓанин, загарантирано право на глас за дијаспората, Министерство за дијаспора, Албанска академија на науките и уметностите, Музеј на албанската историја, шест регионални болници, стотици спортски терени, албански економски зони и стратешки инфраструктурни проекти што ќе ги поврзат Албанците во регионот. Денес, ништо од ова не постои. ВЛЕН вети железничка линија Скопје–Приштина, пат Тетово–Призрен, Суво пристаниште во Струга и нови економски коридори. Ниту еден од овие проекти не е влезен во фаза на реализација. ВЛЕН вети поддршка за младите, станови со нулта камата, плати за успешните студенти, реформи во образованието и усогласување на програмите со Албанија и Косово, Еразмус за албанските универзитети, градинки покрај секое основно училиште, финансиска помош за родителите. И овие ветувања се заборавени! ВЛЕН вети отворање на досиејата од комунизмот, обештетување за политички прогонетите Албанци и вклучување на западни експерти во борбата против корупцијата. И овие останаа само предизборни слогани. Најважно, ВЛЕН вети достоинство и национален напредок за Албанците. Наместо тоа, Албанците беа сведоци на поништување на албанските имиња на улиците во Тетово, слабеење на механизмите за заштита на албанскиот јазик и молк пред ударите врз колективните права на Албанците“, стои во соопштението.
Од ДУИ обвинија дека резултатите се речиси никакви.
„По две години, билансот е суров: историски ветувања, резултати – речиси никакви! Албанските граѓани заслужуваат одговори. Дали овие проекти беа реални владини политики или само фабрикувани ветувања за обезбедување гласови? Времето покажува дека ВЛЕН не потфрли затоа што немаше време. ВЛЕН потфрла затоа што нивните ветувања немаа ниту план, ниту поддршка, ниту волја за реализација. Изборната измама не може да трае бесконечно. Албанците секојдневно ја гледаат разликата меѓу ветувањата од 2024 година и реалноста во 2026 година“, велат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Две години измами, нула резултати
Две години по доаѓањето на власт на…
За три месеци надворешниот долг порасна за…
На крајот на првиот квартал од годинава,…
„Можно е да сум бил во друштво…
Милијардерот Бил Гејтс призна дека можеби бил…
Инцидент во Црниче: Се скарале во сообраќај,…
По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на…
Трамп се премисли: Сега „е импресиониран“ од…
За време на вечерата минатата недела во…