Викендов ќе се прска против комарци во Скопје
Викендов на територијата на Скопје ќе се спроведе авионско прскање против комарци, информираат надлежните служби.
Акцијата претставува дел од редовната дезинсекција што се спроведува во текот на летниот период со цел намалување на бројот на комарци во урбаните и приградските подрачја.
Според најавите, прскањето ќе се изврши во раните утрински часови, кога условите за изведување се најповолни и кога е намален ризикот за граѓаните. Доколку временските услови не дозволат реализација, акцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе првиот следен ден со поволни услови.
Од надлежните апелираат до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелите, бидејќи средствата што се користат можат да бидат штетни за пчелните заедници.
Авионската дезинсекција е дел од пошироки активности за заштита на јавното здравје, особено во периоди кога високите температури и влажноста создаваат услови за брзо размножување на комарците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендов ќе се прска против комарци во…
Викендов на територијата на Скопје ќе се…
Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Викендот носи топло време по неколкудневната нестабилност
Времето утре во попладневните часови ќе има…
Кинескиот вселенски авион испушти мистериозен објект во…
Кинескиот вселенски авион Shenlong се чини дека…
Зеленски: Опремата во Белорусија што им помагала…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека опремата…