Објавено на:

Иран предупреди: Ниту еден брод нема да минува низ Ормускиот теснец без наше одобрение

t

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во четвртокот предупреди дека секој транзит низ Ормускиот теснец мора да биде одобрен од иранските власти, заканувајќи се со „соодветни мерки“ против бродовите кои нема да ги почитуваат новите правила

Прашањето за идниот режим на пловидба низ Ормускиот теснец останува една од главните спорни точки во разговорите меѓу Техеран и Вашингтон. Иран разгледува можност за воведување такси за премин, мерка што досега не постоеше, додека САД се спротивставуваат, нагласувајќи дека станува збор за меѓународен пловен пат.

„Единствената одобрена рута за транзит низ Ормускиот Теснец е онаа што ја утврди Исламската Република Иран“, соопшти ИРГЦ, додавајќи дека секој премин без иранско одобрение ќе се смета за неприфатлив и опасен.

Според иранските власти, единствениот дозволен коридор за пловидба е оној што се наоѓа долж иранскиот брег.

Меморандумот за разбирање меѓу Техеран и Вашингтон, постигнат со цел да се стави крај на конфликтот, предвидува комерцијалните бродови да можат бесплатно да минуваат низ Ормускиот теснец во период од 60 дена.

Во меѓувреме, Иран и Оман соопштија дека ќе ги разгледаат можните трошоци што би можеле да се наплатуваат за услугите поврзани со управувањето со теснецот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на земјите од Заливот, повтори дека Вашингтон нема да прифати воведување такси за премин низ Ормускиот теснец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран предупреди: Ниту еден брод нема да…

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во…

Филипче не го осуди скандалот на Бугарија…

Филипче не го осуди скандалот на Бугарија…

Алајбеговиќ влезе меѓу 10 најмлади стрелци во…

Фудбалерот на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ,…

Трамп: „Храбриот“ Зеленски „се справува доста добро“…

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го пофали…

Зајкова: Македонија и Бугарија немаат нормален добрососедски…

Пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова…