Костадиновски: Јас можам да биде сè само не анти-Албанец, политичарите сакаат квази-правна држава
„Сакам граѓаните да знаат дека политичарите многу често манипулираат и лажат со многу наши одлуки и тоа безобзирно. Оваа одлука, како и многу други што сме ги донеле како за Балансерот, Кривичниот законик, солидарниот данок…отвораат круцијално прашање каква држава сакаме да изградиме“, рече првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски откако Уставниот суд ја укина Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за преименување на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други објекти во градот.
Со Одлуката на Советот на Општина Тетово од 2007 беа сменети имињата на повеќе улици и на градскиот плоштад во Тетово. Така главниот булевар и плоштадот, кои го носеа името „Маршал Тито“ беа преименувани во булевар и плоштад „Илирија“, улицата „ЈНА“ стана „Дервиш Цара“, улицата „29 Ноември“ во „Мехмет Паша Дерала“ и уште неколку други улици добија нови имиња.
Костадиновски во „Тема на денот“ објасни дека во квази-правна држава, политиката е над се и над Устаавот, а политичарите одлучуваат за правата на граѓаните.
-Ние сакаме да живееме во отпор на таквите тенденции, а тие тенденции ги гледаме ако ги погледнете квалификациите за одлуката. „Црн ден за Албанците“, „Сме ги рушеле постулатите на Рамковниот договор“…Ако Уставниот суд низ етничка призма дозволеше ваква одлука, која е чисто правна…Замислете ние да погледневме низ прсти, тогаш ќе имавме 80 општини во државата. Тогаш не треба согласност ниту за ДУП, ниту за преименување…Тоа е правна анархија, додаде претседателот на Уставниот суд.
Запрашан за обвинувањата кај дел од партиите од албанскиот блок дека е „антиалбански настроен“, Костадиновски рече дека е имун на критиките и дека страничните удари не допирааат до него.
-Јас можам да биде сè, само не анти-Албанец. Тоа што на некои политичари им смета влаадеењето на праавото, а устите им се полни со европски стандарди и вредности… Така е до пладне, а попладне тераат на балкански начин. Ние 35 години се вртиме во кругот на таа квази-правна држава. Политичарите сакаат да одлучувааат за нашите права, додаде првиот човек на Уставниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…