Факултети.мк: Јане Коцески заврши Машински факултет за 3 години и 9 месеци со просек 9,95 – „Сакав да докажам дека и во Македонија има инженери од светски калибар“
Порталот Факултети.мк сподели интервју со Јане Коцески, кој завршил Машински факултет со просек 9.95.
Во продолжение дел од интервјуто.
„Ме водеше желбата да покажам дека и во Македонија постојат млади инженери кои можат да работат на проекти од светски размери, да создаваат иновативни инженерски решенија и успешно да соработуваат со реномирани домашни и меѓународни компании“, вели Јане Коцески, прогласен за еден од најдобрите студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Тој е најдобар студент на Машинскиот факултет во Скопје. Студиите ги заврши со просечна оценка од 9,95, во рок од 3 години, 9 месеци и 7 дена.
– Рецептот за таквиот успех содржи неколку состојки, меѓу кои: желбата за успех, љубопитноста кон материјата што ја работиме, упорноста, цврстиот карактер и вербата во себе дека сѐ може да се постигне доколку не се откажуваме, без разлика на сите препреки на кои ќе наидеме на патот до успехот – вели Коцески.
Дел до успехот се должи и на редовното учење по студиските предмети, иако истовремено се случувало да работи и хонорарно, сепак, успевал да положи со високи оценки.
– Најмногу бев фокусиран на предавањата, таму најмногу учев, а потоа ми беше доволно и еден до два часа за да го поминам материјалот и да одржувам континуитет во учењето. Паралелно со факултетот работев хонорарно, а во втора година заедно со колегите го основавме тимот „Формула студент“ – Македонија, па голем дел од мојот ангажман беше насочен таму, така што се случуваше некои испити да ги подготвувам непосредно пред датумот на полагање и успевав да остварам највисоки резултати. Но, секако дека се трудев да го избегнувам таквиот начин на студирање и нормално би препорачал да се избегнува, иако некогаш ситуацијата го налага тоа – додава Коцески.
Периодот од студирањето кој барал најголем ангажман бил четвртиот семестар на Машинскиот факултет. Јане смета дека тој бил одлучувачки кој ќе биде најдобриот, делумно поради обемноста на предметите и комплексноста на материјалот иако следните две години не биле нешто многу полесни.
Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…
Димитровски: И да го смениме Уставот поради…
Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…
Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…
Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…
Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…
Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…
Во периодот јануари – март годинава во…