Протестираа вработените од Детска клиника кои останаа без работен ангажман

t

Вработените во Универзитетската клиника за детски болести на кои не им се продолжени договорите за работа денеска повторно излегоа на протест но овој пат пред Министерството за финансии. Побараа на сите 50 вработени меѓу кои освен административен и технички имало и средно медицински персонал да им бидат продолжени договорите за работа бидејќи како што кажаа барањата за продолжување на работните дозволи до министерството биле испратени на 9 декември а не како што кажа министерката за финансии Гордана Димитиревкса Кочовска на 22 јануари.

Седат Буши, вработен во Детска клиника: На 9.12 директорот има пратено две барања за согасност за вработување за вработените во детска клиника одговорот е добиен на 28.04. Желка да беше од клиника до тука. Оние што викаат зошто од 1 јануари почнале на работа. Желка да беше од 9 до 31 декември ќе ги донесеше документите ако не беа правилно подготвени ќе беа вратени. Не знаеме што е работата. Значи две бнарања се пратени зошто едното не е вратено позитивно. Ако биле многу вработѕени 65, нека врати едно. Едното е со 29 другото е со 33. Барем едното да го вратела позитивно. Наше мислење е дека тука е во прашање нешто друго.

Од министерството за финансии велат дека стојат на истиот став од пред неколку дена на министерката Гордана Димитриевска Кочовска која кажа дека барањето за вработување стигнало на 22 јанури годинава односно 22 дена откако им престанал договорот за работа на вработените. Како што кажа, директорот на Клиниката незаконски ги ангажирал луѓето да доаѓаат на работа.

Гордана Димитриевска Кочовска, министерка за финансии: 22 01 е стигнато барањето од Детска клиника. Најпрвин како работниците оделе на работа кога 22 дена било потребно или барањето влегло во министерство за финансии после 1 јануари односно на 22. Тој требало да има обезбедено согласност пред нова година за да може да ги задржи вработените. Значи се враќаме на она прашање како ги повикувал и ги ангажирал да дојдат на работа кога законски не смеел. 

Дека Клиниката не може да ги задоволи потребите на пациентите алармираше и директорот на Клиниката, доктор Реџеп Мемеди. Тој објасни дека прават реорганиазција на некои одделенија за да може медицинскиот персонал да постигне и да одговори на потребите од најмалите пациенти.

Од Министерството за здравство пак велат дека се прават анализи за да се подобрат условите и да се создадат можности за нови вработувања. Министерот Азир Алиу најави дека на ваков начин прецизно ќе се утврдат кадровските потреби за нови вработувања.

Вработените во Детската клиника чии договори неа беа продолжени најавија дека нема да се откажат од своите барања и доколку институциите немаат слух најавија и претставка до Народниот правобранител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестираа вработените од Детска клиника кои останаа…

Вработените во Универзитетската клиника за детски болести…

Лукашенко: Ќе се промени квалитетот на војната…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека…

„Клексан“ и „Фраксипарин“ од јули на позитивната…

Од јули годинава лековите против згрутчување на…

Претепан вработен во обложувалница во Аеродром

Синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје,…

(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…

На 24 јуни 2026 година, во преполната…