Историски момент за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во последниот период со најголемиот успех во својата кариера, пласман на главниот турнир на Вимблдон.
Ѓорческа денеска во третото квалификациско коло одигра фантастичен меч и ја прегази Италијанката Бронзети која е 127. тенисерка во светот и важеше за фаворит.
Мечот за Ѓорческа не тргна најдобро и го загуби својот сервис во првиот гем, но потоа следуваше вистинска доминација. Македонската тенисерка ги освои наредните шест гема и со 6-1 поведе со 1-0 во сетови.
Во вториот сет Ѓорческа беше сигурна на свој сервис и не дозволи да го изгуби, а сетот го освои со 6-2 за најголема победа во кариерата.
Пласманот на Ѓорческа на Вимблдон е голем успех воопшто за македонскиот тенис затоа што за првпат во нашата историја ќе имаме претставник во сингл конкуренција на еден грен-слем турнир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…
Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…
20-годишен припадник на албанската армија убиен во…
Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…