Лекар од Германија призна дека убил 12 пациенти
Лекар од Германија признал дека убил 12 пациенти, речиси една година по почетокот на судскиот процес пред Регионалниот суд во Берлин.
Четириесетгодишниот лекар по палијативна медицина е обвинет за убиство на вкупно 15 пациенти – 12 жени и тројца мажи – во периодот меѓу септември 2021 и јули 2024 година.
Според обвинителството, на жртвите, на возраст од 25 до 87 години, им давал смртоносна комбинација од различни лекови. Обвинителите исто така се сомневаат дека во некои случаи предизвикувал пожари за да ги прикрие своите дела.
Паралелно со судскиот процес, германските власти истражуваат уште десетици други сомнителни случаи.
По 54 дена од почетокот на судењето, кое започна во јули 2025 година, лекарот во четвртокот во изјава пред судот признал 12 убиства.
„Дури сега сум во состојба да ги објаснам моите постапки и ја преземам одговорноста за она што го направив“, изјавил обвинетиот пред судот, извинувајќи им се на семејствата на жртвите, како и на своето семејство и на колегите.
Пред неколку недели на суд биле пуштени телефонски разговори што лекарот ги водел со сопругата од затвор, во кои ги признал убиствата. Во разговорите тој тврдел дека неговите постапки биле „морален чин извршен со погрешни средства“, со цел да ги спаси пациентите од „страдање и беспомошност“.
Лекарот пред судот изјавил дека признанието не е резултат на „непобитните докази“ против него, туку на личното преиспитување што го направил во изминатите месеци.
Се верува дека кривичните дела ги извршил додека работел за една служба за домашна нега во Берлин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекар од Германија призна дека убил 12…
Лекар од Германија признал дека убил 12…
Јаневска уверува дека оптимизацијата не се прави…
Наставниците не треба да се плашат, никој…
Историски момент за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа…
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма…
Брод погоден со проектил во близина на…
Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO)…
ЕУ воведува нови правила за правата на…
Претставниците на Советот на Европската Унија и…