Анима Мунди бара да се затвори скопската ЗОО

t

Итно да се затвори скопската Зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици.
Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат стандардите. Тие го повторија и својата заложба да се затвори ЗОО Скопје и да се трансформира во спасувачки и рехабилитациски центар за животните. Од таму споделуваат снимка на која се гледа како волците пробуваат да излезат од живеалиштето на место кое е импровизирано со мрежа, каде што металната ограда е веројатно оштетена.

„Оградата на живеалиштето на волците не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвора сериозни сомнежи дали воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство. Безбедноста на диви животни не смее да се обезбедува со импровизација, не смее да зависи од среќа и не смее да се правда со молк. Вината не е само на сегашниот директор, состојбата опстојува во континуитет“, велат од Анима мунди.

Според неофицијалните информации споделени во медиумите, бели волци ископле дупка под своето живеалиште и избегале минатиот викенд, по што нападнале и усмртиле неколку кенгури и птици. Откако биле забележени, на вработените им биле потребни неколку часа да ги фатат и да ги вратат во живеалиштето.

Од Зоолошката градина досега нема официјални информации за инцидентот. Прашањата кога се случило бегството, дали во градината имало посетители во тој момент, каде се сместени волците, дали е обезбедено живеалиштето, засега немаат одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анима Мунди бара да се затвори скопската…

Итно да се затвори скопската Зоолошка градина…

ГО УКИНУВААТ EES: „Катастрофата“ за време на…

Аеродромите во Рим ќе мора да ја…

Лов на отровната морска риба во Грција,…

Со цел да се намали ширењето на…

Венецуела под урнатини, силните потреси однесоа стотици…

По силниот двоен земјотрес што ја погоди…

Власта открива организирана бугарска пропаганда во нашата…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…