Охриѓанец возел со 1,51 промили алкохол во крвта
Лишен од слобода маж од охридско, со 1,51 промили алкохол во крвта управувал „мерцедес“ во Охрид и оштетил шест возила, следува соодветна пријава, соопштија од СВР Охрид.
На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички возила, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што е приведен во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…