Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом физички била нападната и ѝ била скршена влезната врата од нејзиниот дом.
На 25.06.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката – соопштуваат од МВР
По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…