Србин „летал“ со 221 км на час на автопатот Скопје-Гевгелија, полицијата му го одзеде возилото
Српски државјанин бил лишен од слобода откако бил фатен како управува возило со брзина значително поголема од дозволената на автопатот Скопје – Гевгелија.
Како што информираат од МВР, на 25 јуни околу 20:10 часот, кај Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија при сообраќајна контрола со радар го запреле М.С. (60) од Република Србија.
При контролата било утврдено дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со српски регистарски ознаки со брзина од 221 километар на час, на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.
Возилото било одземено, а возачот бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три нови инвестиции оваа есен, најавува премиерот…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови…
За неполни 24 часа два земјотреси во…
Два земјотреси се регистрирани во Македонија во…
Сузбиена организирана криминална: Запленети околу 300 килограми…
По вчерашната голема меѓународна полициска акција во…
Зеленски: Украина го погоди рускиот ракетен и…
Украинската војска го погоди рускиот ракетен и…
Сиљановска-Давкова: Симон Трпчески уште еднаш покажа дека…
Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото…