Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

t

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните.

Од МВР посочуваат дека законот претставува дел од реформската агенда на државата и има за цел да обезбеди поголема безбедност, побрзи административни услуги и поголема правна сигурност.

Со новиот закон, граѓаните ќе можат со едно барање да поднесат барање за повеќе парчиња оружје, а се воведува и ограничување на максималниот број парчиња оружје, со законски предвидени исклучоци.

Законот, исто така, ја регулира можноста за полнење муниција, воведува обврска за обезбедување соодветен простор за безбедно чување и сместување на оружјето, како и проширено сокорисничко право.

Дополнително, рокот за набавка на оружје по основа на наследно решение се продолжува од два на четири месеци.

Од МВР информираат дека е предвиден и рок од една година од примената на законот за сите лица кои пропуштиле да поднесат барање за набавка на оружје по основа на наследство или биле одбиени поради пропуштен рок, како и за легализација, пререгистрација или доброволно предавање на оружјето.

Со новото законско решение се воведуваат и нови електронски услуги, со цел поедноставување и забрзување на административните постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски…

Министерството за внатрешни работи информира дека е…

Меѓу загинатите во Венецуела има и странци:…

Разорните земјотреси што ја погодија Венецуела во…

Трамп се закани: Царини од 100% за…

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…

На руските гимнастичари во Романија им билo…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес оцени…

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Германија денеска го регистрираше највисокиот температурен максимум…