Објавено на:

Возило на адвокатот Алиспахиќ запалено среде ноќ, МВР трага по сторителот

t

По информацијата дека се запалени две возила, од кои едно во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ, од МВР потврдуваат дека настанот се случил завчера после полноќ.

-На 25.06.2026 година во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот на подрачје на Бутел има опожарени две возила ,,пасат” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.А.(42) од Скопје и „мерцедес” со велешки регистарски ознаки сопственост на М.М.(37) од Скопје.

Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Адвокатот Алиспахиќ изјави дека немал недоразбирања и не се сомнева во никој.

– За жал информацијата е точна. Верувам во институциите и нивното професионално постапување. Заради истрагата не можам ништо да кажам,за било што обратете во МВР. Со никого немам било какви недоразбирања, не се сомневам во никого, мотивот и причината за мене се непознати, изјави Алиспахиќ за „Фокус”.

Алиспахиќ е адвокат со долгогодишно искуство, кој застапува обвинети во голем број случаи, од кои дел биле од голем интерес за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова: Симон Трпчески уште еднаш покажа дека…

Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото…

Иран со порака до Трамп: Признајте го…

Иран испрати остри пораки до САД, повикувајќи…

(Фото) Внимателно на патот Струмица–Валандово: Истурени пиперки…

Возачите се предупредуваат на внимателно возење на…

Уапсен возач од Германија на автопат возел…

При контрола на патниот сообраќај со радар,…

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со…

Триесет и петгодишна жена од Скопје пријавила…