Посебни термини и посебни цени за мажите и за жените на базенот во Тетово – невладините бараат еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација

t

Општина Тетово објави дека до почетокот на учебната година градскиот базен ќе има два термини кога ќе може да го користат само жени. Среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот се периодите кога само лицата од женски пол ќе може да пливаат. И цената за користење е определена според пол, па за машките чини 150 денари, додека за жените 100.

Невладините организации велат дека јавните објекти треба да бидат еднакво достапни за сите граѓани, а современите демократски општества се темелат на принципите на еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација. Секое институционалното одвојување по пол, дури и кога е мотивирано од желба да се одговори на барањата на одредена група граѓани, отвора дилема каде завршува инклузијата, а каде започнува сегрегацијата.

Се смета дека културните и верските особености треба да се почитуваат, но не смеат да доведат до трајни поделби во користењето на јавните институции.

Одвојувањето на посебни термини само за жени не претставува чекор кон еднаквост, туку ризикува да ја нормализира родовата сегрегација во јавните простори. Доколку навистина постои потреба кај дел од жените за вакви термини, општината треба транспарентно да покаже како е утврдена таа потреба и истовремено да работи на создавање безбедна и инклузивна средина во која сите ќе можат непречено да го користат базенот без поделби по пол“, вели Слаѓана Тодоровска од Женскиот форум.
Од друга страна, од Општина Тетово велат дека одлуката е донесена по иницијатива на граѓанки кои побарале да им се овозможат вакви термини.

„Изминатиот период во Општина Тетово беа доставени неколку барања во кои се бараше да се овозможи Градскиот базен да одреди термини во кои неговото користење ќе биде само од страна на жени и девојки. Барањата беа проследени до управата на Градскиот базен. Истите беа разгледани и прифатени“, изјави портпаролката на Општина Тетово, Милена Вучевска.
Овој затворен базен, беше изграден од државниот буџет преку тогашната Агенција за млади и спорт, како дел од проектот за изградба на 14 вакви спортски објекти низ државата, а беше прв пуштен во употреба. Во текот на школската година базенот се користи во рамките на образовниот процес, како и од приватните школи за пливање, а во летниот период за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебни термини и посебни цени за мажите…

Општина Тетово објави дека до почетокот на…

Доцна синоќа е хоспитализиран Кире Михаилов, заменик…

Заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов,…

Во расправија за војната во поранешна Југославија,…

Судот во Виена осуди Хрват (56) на…

Дедо Трајче ја тера 101-та година: 72…

Трајче Грозданов ја тера 101-та година, здрава…

Огромни гужви на Евзони за влез во…

Илјадници туристи утрово создадоа долги колони возила…