Муцунски: Регионална соработка, билатерални односи и европска интеграција во фокус на средбите на маргините на Дубровник форумот

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека на маргините на Дубровник форум остварил повеќе билатерални средби посветени на унапредувањето на политичката, економската и безбедносната соработка.

-Со заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција, Мехмет Кемал Бозај, разговаравме за унапредување на политичката, економската и трговската соработка. Се согласивме дека неодамна одржаниот бизнис форум и интензивниот политички дијалог отвораат нови можности за продлабочување на партнерството, објави попладнево на социјалните мрежи министерот Муцунски.

На средбата со Мирослав Шчепановиќ, директор на RACVIAC, фокусот бил ставен на регионалната безбедносна соработка, зајакнувањето на довербата, отпорноста кон современите безбедносни закани и поддршката на евроатлантските интеграции.

-Со раководителот за политички прашања во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Олег Левитин, разменивме мислења за унапредување на соработката во поддршка на економскиот развој, инфраструктурните и енергетските проекти, како и реформските процеси поврзани со европската интеграција, истакна министерот.

Во рамки на форумот, Муцунски се сретнал и со Marijana Petir, пратеничка во Хрватскиот парламент и поранешна европратеничка, со која разговарал за европската перспектива на државата, кредибилитетот на политиката на проширување и можностите за натамошно зајакнување на политичката соработка и регионалната стабилност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…

Една година и седум месеци затвор е…

ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…

Полициски час во делови од Париз и…

По протестите и немирите, властите во Париз…

ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…

Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…

ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…