Израелскиот министер за национална безбедност лут: „Договорот со Либан е голема грешка, барам гласање од владата“
Израелскиот министер за национална безбедност – Итамар Бен Гвир денес оцени дека договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави, е „голема грешка“ и побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да го испрати до владата на гласање.
Бен Гвир, лидер на крајно десничарската партија Оцма Јехудит, рече дека иако израелските сили засега ќе останат во поголемиот дел од безбедносната зона, тој не верува дека либанската влада ќе го разоружа либанското милитантно движење Хезболах.
„Само војниците на Израелските одбранбени сили ќе го уништат Хезболах. Никој друг нема да го стори тоа за нас“, тврди Бен Гвир, објавува The Times of Israel.
Преговарачите од Израел, Либан и Соединетите Американски Држави потпишаа трилатерален рамковен договор синоќа по петтата рунда дипломатски преговори во Вашингтон за ставање крај на израелско-либанскиот конфликт.
Во пресрет на преговорите, Либан побара целосно повлекување на израелските сили од либанска територија, додека клучниот услов за Израел беше дека секаков вид повлекување мора да биде условено со целосно разоружување на либанската милитантна група Хезболах и гаранции дека оваа група нема повторно да воспостави воено присуство по должината на границата.
Рамковниот договор меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави, предвидува постепено завршување на конфликтот меѓу двете земји, воспоставување трајни безбедносни аранжмани и отворање пат за сеопфатен мировен договор.
Според текстот на документот објавен на веб-страницата на американскиот Стејт департмент, Либан се обврзува да воспостави целосна државна контрола врз целата своја територија, да спроведе целосно разоружување на сите недржавни вооружени групи, вклучително и Хезболах, и да обезбеди дека само либанската армија и државните безбедносни сили имаат право да користат сила.
Во исто време, Израел постепено ќе ги повлекува своите сили од либанската територија во согласност со напредокот во спроведувањето на договорот и проверката на безбедносните услови.
Израелската влада наведува дека нема територијални претензии кон Либан и дека потребата од воено присуство ќе престане кога ќе се отстрани заканата по безбедноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…
Граѓани со часови се жалат за неподносливата…
Пожарот на косовската граница не се смирува,…
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…
(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…
Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…
Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…
Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…