Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да има нови барања: Професорот Едвард Џозеф категорично до ЕУ
Во рамки на панел-дискусија посветен ана односите ЕУ -Западен Балкан, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа Едвард П. Џозеф оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања.
– Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања – истакна Џозеф на трибината под наслов „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“.
Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку постои политичка волја.
– Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина – подвлече тој.
На истиот панел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски посочи дека, според 26 земји членки и институциите на Европската Унија, Северна Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми. Истовремено, нагласи дека една земја членка инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, како и други области што, според него, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не смее да се врши притисок врз…
Во рамки на панел-дискусија посветен ана односите ЕУ…
(Видео) Вучиќ го претстави новото вооружување: Војската…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека…
Сиљановска на средба со претставници на УНЕСКО:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните…
Биљали-Зендели за ВЛЕН: По две години влада,…
Се навршија две години од формирањето на…
Спречена голема катастрофа: Двајца камионџии возеле во…
Лишени од слобода двајца возачи затоа што…