Жената од Таор најдена во шума е убиена, уапсен е поранешниот маж — тој пријавил дека исчезнала

t

Обвинител и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на скопското село Летевци, каде беше пронајдено женско тело во распаѓање, за кое полицијата соопшти дека е на жена од селото Таор.

Жената, како што соопшти полицијата, е пријавена за исчезната во петокот, по што била организирана голема потрага. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна.

Уапсен е поранешниот сопруг на жртвата, кој е осомничен дека ја убил и телото го оставил во шумата, по што самиот пријавил дека исчезнала. Вчера, пак, осомничениот убиец исто така пријавил дека го нашол телото на поранешната сопруга на локацијата кај Летевци.

„На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, Скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без струја делови од Карпош и…

Дел од корисниците во скопските општини Карпош…

Михајлова никогаш не се извинила на семејството…

Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…

Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова

Министерството за внатрешни работи распиша централна и…

Тенеси може повторно да се обиде да…

Само една недела откако Криста Пајк преживеа…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…