Хамнеи бара судење на американските и израелските лидери за воени злосторства
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во понеделник изјави дека американските и израелските лидери треба да бидат судени за воени злосторства извршени против Иран, велејќи дека гонењето на одговорните е едно од најважните правни и судски прашања за иранската држава.
Во објава на платформата за социјални медиуми X, Хамнеи рече дека барањето правда за она што тој го нарече злосторства извршени против Иран за време на конфликтите во 2025 и 2026 година е еден од клучните правни приоритети на земјата.
Тој ги обвини, како што ги нарече, „меѓународни криминалци, глобални арогантни сили и агресори“ за кршење на меѓународното право, наведувајќи дека за време на она што го оцени како „наметнати војни“, извршени се воени злосторства, вклучително и убиство на деца во Минаб и Ламерд, напади врз здравствени установи, како и предизвикување физичка и психолошка штета на иранските граѓани, објави Ал Џезира. Според него, сите овие случаи треба да бидат обработени пред домашни и меѓународни судови.
Хамнеи додаде дека меѓу „илјадниците големи правни случаи“ кои бараат судска постапка, тој го гледа убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи. „Овие криминалци мора да бидат изведени пред лицето на правдата и да бидат одговорни за нивните кривични дела“, рече Хамнеи. Тој оцени дека признанијата и, како што изјави, „дрско фалење“ на лидерот на „американско-ционистичкиот непријател“ претставуваат „несомнено признание на злосторства“: Хамнеи изјави дека истрагата за наводните злосторства за време на двата конфликта им е доверена на надлежните институции и изрази уверување дека тоа ќе придонесе за спречување на повторување на слични дела во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамнеи бара судење на американските и израелските…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
САД и Иран постигнаа договор за запирање…
САД и Иран постигнаа договор за запирање…
Цената на нафтата падна на нивото пред…
Цената на нафтата падна на нивоа какви…
САД воведоа нови санкции за Куба
САД вчера воведоа нови санкции против кубански…
Трамп: Американската администрација се обидува да постигне…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…