ЕУ од 1 јули воведува царина од три евра за пратките со ниска вредност што пристигнуваат надвор од Унијата
Европската унија од 1 јули 2026 година воведува привремена царина од три евра за пратките со ниска вредност кои се увезуваат од земји надвор од ЕУ, главно преку интернет-трговија.
Мерката ќе се однесува на производи со вредност до 150 евра, вклучувајќи облека, играчки, електроника и друга стока за широка потрошувачка која најчесто се купува онлајн.
Од ЕУ наведуваат дека секојдневно милиони пратки со ниска вредност влегуваат на европскиот пазар, при што многу од нив содржат производи кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди на Унијата или се потценети и лажно декларирани за да се избегнат царинските обврски.
Исто така, се истакнува дека сегашното ослободување од царински дажбини им дава неправедна предност на продавачите надвор од ЕУ во однос на компаниите кои произведуваат или продаваат стока во рамките на Унијата.
Новата царина ќе се применува по артикл, врз основа на тарифната класификација, а не според количината на купените производи. Тоа значи дека, на пример, за пет маици ќе биде пресметана царина од три евра, бидејќи припаѓаат на иста тарифна класификација, додека за три маици и часовник царината ќе изнесува шест евра, бидејќи станува збор за две различни тарифни класификации.
Продавачот или увозникот ќе биде одговорен за пријавување и плаќање на царината во рамките на царинската постапка, наведуваат од Европската комисија.
Со воведувањето на новата мерка, ЕУ сака да обезбеди поправедна конкуренција за европските компании, подобра заштита на потрошувачите од небезбедни производи, сузбивање на царинските измами, како и намалување на негативните последици од масовниот транспорт врз животната средина.
Европската унија истовремено работи на модернизација на царинските процедури со цел зајакнување на единствениот пазар и обезбедување еднакви услови за сите компании кои продаваат стока на пазарот на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ од 1 јули воведува царина од…
Европската унија од 1 јули 2026 година…
(Видео) Муцунски: Нема да дозволиме една држава…
Нема да дозволиме една држава перманентно да…
ДУИ: Државата нема направено ниту еден суштински…
Во рамките на серијалот „Две години понижување…
Џозеф: ЕУ не смее да врши притисок…
Европската Унија прави грешка доколку врши притисок…
ЕУ ја исплати првата транша од новиот…
Европската Унија ја исплати првата транша од…